Кошаркарите на Уникс Казан запишаа уште една победа во ВТБ лигата. Денеска во новото коло пред своите навивачи славеа над екипата на Самара со 81:61.
Нашиот плеј, Ненад Димитријевиќ, одигра скоро половина час за УНИКС и средбата ја заврши со 19 поени, како втор стрелец во победничкиот тим. Поефикасен од него беше само Американецот Грин со 20 поени.
Димитријевиќ шутираше 4/5 за два и 2/2 за три поени. Погоди 6 од 7 слободни фрлања, а статистички запиша и два скока и 7 асистенции.