Капитенот на Аргентина У17 на радарот на Манчестер Сити

145

Манчестер Сити е на добар пат да го ангажира офанзивниот играч за врска на Ривер Плејт, Клаудио Ечевери. Според Фабрицио Романо, клубовите се во преговори, а 17-годишниот играч е забележан од скаутите на Сити како потенцијален наследник на Кевин де Брујне. Неофицијално, Сити би го купил овој фудбалер и ќе го остави да игра за Ривер како позајмен на една сезона и потоа ќе го врати на „Етихад“.
Манчестер Сити ќе плати нешто повеќе од 20 милиони евра за овој играч, а договорот со Ривер му е до крајот на 2024 година.
Инаку овој играч е капитен на Аргентина У17 која го освои четвртото место на СП 2023. На тој турнир Ечевери постигна пет гола и запиша една асистенција.

ПретходноЧаир 2030 убедлив против ТФТ, Мофит постигна 34 поени
СледноТренерот на Галата лут поради недосуден пенал во дербито со Фенербахче