Наполи го заборавил тренерот после меч, а тој морал да се враќа со такси

356

Наполи изгуби од Рома, а потоа го заборави својот тренер Валтер Мацари кој морал да плаќа такси од Рим до Наполи и тоа сред ноќ, пишува италијанскиот весник „Република“. Според изданието тимскиот автобус заминал без него и никој внатре не приметил дека недостасува шефот на стручниот штаб.
Во текстот се наведува дека Мацари предолго се задржал на прес-конференцијата, а за тоа време автобусот си заминал. Па потоа морал да плати такси за да отпатува 220 километри до Неапол. Веројатно клубот ќе му ги рефундира парите.
Наполи по освоената титула, оваа сезона се мачи во Серија А. Го смени тренерот Руди Гарсија со Мацари но и тој се мачи да ја стабилизира екипата. Елмас го продадоа во Лајпциг, Кварацхелија е само сенка на оној од минатата сезона…

ПретходноТренерот на Галата лут поради недосуден пенал во дербито со Фенербахче
СледноМанчестер Јунајтед носи јапонски интернационалец на местото на Антони