Партизан се засили со натурализираниот Хрват, Џејлин Смит

221

Кошаркарскиот клуб Партизан објави дека потпишале со хрватскиот репрезентативец Џејлин Смит. Се работи за 29-годишен бек, а во „црно-белите“ редови доаѓа од Виртус Болоња каде ја почна оваа сезона, а претходно играше за Алба и Лудвигзбург.
Смит од минатата година е репрезентативец на Хрватска за која настапи на олимписките претквалификации минатото лето.
Инаку Смит, кој ќе го носи дресот со број 0, ќе дебитира за Партизан во 18. коло на Евролигата кога во „Штарк арена“ ќе гостува Асвел.

ПретходноМанчестер Јунајтед носи јапонски интернационалец на местото на Антони
СледноММА тренер призна дека го излажал Ѓоковиќ само за да го импресионира!