Така се работи: Работнички ќе добие 150.000 евра од најавениот трансфер на Максимов од Шкендија во Ласк Линц!

4268

Уште една добра вест за Работнички. По оние најмалку 500.000 евра од трансферот на Елиф Елмас од Наполи во Лајпциг, Работнички ќе добие уште 150.000 евра за трансферот кој се најавува дека е готов, на Методи Максимов од Шкендија во Ласк Линц. Имено како што е познато младинскиот репрезентативец на Македонија е пред потпис со клубот од Австрија, речиси се е готово, останува само реализацијата.

Интересно е тоа што кога Максимов правеше трансфер од Работнички во Шкендија минатата зима, двата клуба се договорија од следниот трансфер на Максимов, клубот од Дебар Маало да има 50%.

И ако отштетата која Шкендија треба да ја добие од Ласк Линц за Максимов изнесува 300.000 евра, тогаш од тие пари половината му припаѓаат на Работнички.

Така се работи. Ете некој и во Македонија покажува како фудбалот е добар бизнис.

Па така Работнички, ако се биде како што треба, за двата трансфери на Елмас (Наполи – Лајпциг) и Максимов (Шкендија – Ласк Линц) ќе добие најмалку 650.000 евра.

Тоа е сумата која за 2023 година Работнички ја имал како буџет.

Па сега видете вие…

ПретходноФото од Кипар: Капитените Македонци на АЕК Ларнака и Докса!
СледноХакинен: Следната сезона чекајте победи и од Мекларен