Чави го повикал во канцеларија да му каже што мисли за него, играчот на Барса бил шокиран! (ФОТО)

1199

Барса е во криза, во голема криза, и резултатска и играчка. Веќе се шпекулира дека Чави Ернандез е на излезна врата од Барса, но сепак уверувањата се дека тој и натаму ќе го предводи каталонскиот гигант.

Инаку јасно е дека некои играчи мора да си заминат, Чави го имал списокот на оние на кои нема да смета за пролетниот дел.

Еден од нив е Ориол Ромеу, кој имаше доста шанса во изминатите шест месеци откако дојде од Џирона, тој требаше да биде наследникот на Сехио Бускетс, но далеку е од потребното.

Во шпанските медиуми веќе се пишува дека Чави го повикал Ромеу во својата канцеларија и му кажл што мисли за неговите игри и дека ќе треба да се спрема за заминување, а овој бил шокиран. Едноставно не верувал дека по само шест месеци престој во Барса ќе мора да си оди.

Image

ПретходноРајковиќ ќе биде тренер на еден од тимовите на Ол-Стар мечот во ВТБ лигата
СледноМанчестер Ј. во „слободен пад“: Толку порази не се паметат од 1930 година!