Во првата недела на февруари ќе бидеме сведоци на Бундеслигашка пресметка на двајца наши репрезентативци, капитени, лидери… Енис Барди треба да гостува кај Елиф Елмас во Лајпциг со неговиот нов клуб Унион Берлин.
СпортСпорт дознава дека завршена работа е трансферот на Енис Барди во екиата од Берлин за која ќе потпише неколку милионски договор со важност на 2,5 години. Фудбалерот на Трабзонспорт веќе се подготвува за преселба во Германија а во првите денови од новата 2024 година треба да следи и неговата промоција. Енис Барди кој е капитен на нашиот национален тим има слаба минутажа во очајниот Трабзонспор а токму Ненад Бјелица кој беше тренер на овој турски тим инсистира да го види репрезентативецот на Македонија во неговиот нов клуб. Бјелица пред неколку недели седна на клупата на Унион Берлин кој е во резултатска криза иако овој клуб настапуваше и во Лигата на шампионите.