Аврамовски ќе го облече дресот на турски вторлигаш

513

Даниел Аврамовски во Новата година ќе има нов клуб. По две години минати во ФК Сараево својата кариера ќе ја продолжи во Турција, поточно во дресот на Болуспор, тим кој се натпреварува во втората лига, објави босанскиот медиум „Спортспорт“.

Така, Даниел Аврамовски ќе се врати во Турција каде уште настапуваше за Кајсериспор од каде пристигна во ФК Сараево.

Кариерата ја започна во Работнички. Играше и за Македонија пред да замине во Црвена звезда. Тој беше член и на Македонија ЃП, Олимпија Љубљана, Војводина, Београд и Вардар.

ПретходноНов рекорд за Ѓоковиќ пред пресметката со Алкараз
СледноДобри ветришта дуваат во Вардар – ќе биде посилен!