Барселона веќе извесно време се поврзува со евентуален трансфер на 16-годишното фудбалско чудо, кое во Европа може да дојде во 2025 година. Лесно може да се случи Естевао Вилијан сепак да не дојде во Барса. Причината се финансиските проблеми на шпанскиот гигант.
Барса во моментов не може да замисли да потроши 60 милиони евра за млад Бразилец кого медиумите го нарекуваат Малиот Меси. Иако Барселона е негова желба, по дебитантскиот настап за Палмеирас, има се повеќе клубови кои би сакале да го доведат и кои можат да си дозволат трансфер од таква големина. Поточно, станува збор за четири клуба. Шпанските медиуми пишуваат за интересот на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи и ПСЖ.
Естевао одигра пет натпревари за бразилската репрезентација до 17 години. Тој постигна три гола и забележа три асистенции.