Во Стара Пазова се работи под „полна пареа“: Тим билдинг и тест меч (ФОТО)

441

Првиот дел од подготовките за настап на Европското првенство, македонската ракометна репрезентација ги одработува во Стара Пазова. Избраниците на Кирил Лазаров тренираат комбинирано (физички и тактички).

Дневната агенда е исполнета. Во Стара Пазова се работи под „полна пареа“, а нашите ракометари одиграа и пријателски меч меѓу себе.

Покрај редовните тренинзи, се „билда“ и атмосферата, нашите момци имаат и тим-билдинг.

 

Македонија на претстојното ЕП 2024 година се најде во силна група против Франција, домаќинот Германија и Швајцарија.

ПретходноММА тренер призна дека го излажал Ѓоковиќ само за да го импресионира!
СледноКоментатор запеа по победата на Задар над Партизан (ВИДЕО)