Добри ветришта дуваат во Вардар – ќе биде посилен!

10043

Финансиска стабилност! Тоа е главната работа на која деновиве е фокусирано во ФК Вардар каде интензивно се прават планови за вториот дел од сезоната и мисијата да опстане клубот во елитното друштво.

Најголемиот клуб во земјава се соочува со сериозни проблеми со години и години, но последниве неколку недели има сериозни раздвижувања по кои „црвено-црните“ ќе имаат помалку грижи во деновите кои следат.

Горазд Михајлов е новиот шеф на струката, а неговата промоција се очекува во наредните неколку часа.

„СпортСпорт“ уште пред неколку дена најави дека вардаровото дете седнува на вардаровата клупа откако си замина од Силекс каде оди довчерашниот шеф на Вардар, Александар Васоски.

Управата на Вардар со новиот шеф веќе се во сериозмни планови за начинот на кој клубот ќе се подготвува во паузата и со кои играчи ќе се засилува. Листа од десетина играчи се на списокот на Михајлов кој ќе прави сериозна реконструкција во екипата затоа што се таргетирани играчи на сите позиции. Се прават напори екипата две недели кон крајот на јануари и почетокот на февруари да замине за Анталија, но за тоа ќе се знае во деновите кои следат.

Од играчкиот кадар Педрињо веќе го раскина договорот а неизвесно е останувањето на Михајло Милосавиќ кој беше донесен на позајмица од ТСЦ Бачка Топола токму од Александар Васоски. Она што се знае е тоа дека Лемос со сигурност останува па така има простор во екипата за три нови странци кои овојпат мора да се погодат.

ПретходноАврамовски ќе го облече дресот на турски вторлигаш
СледноБразилското чудо вредно 60 милиони евра сака да игра за Барса, но има голем проблем!