Страшни сцени на северот на Франција. Во голем пожер изгоре салата на францускиот кошаркарски прволигаш Гравлен.
„Салата изгоре, сѐ отиде во пожарот. Четириесет години живот во „Спортика“ отидоа во оган“, изјави клупскиот претседател Кристијан Девос.
Спортскиот комплекс кој содржи базен, ресторан како изгорел поради техничка грешка во базенот. За среќа ниту еден спортист немало во салата во тој момент, а персоналот бил евакуиран на време. Тимот наредните домашни натпревари ќе ги игра во Париз
Heart breaking scenes in France this morning. The Gravelines Sportica which is the home of LNB Pro A team BCM Gravelines-Dunkerque is currently on fire. Praying that no one is in danger. pic.twitter.com/S20VZDuUv4
— Josh Bett (@JoshBett1) December 25, 2023