Во Интер не кријат дека не се задоволни од учинокот на искусниот Алексис Санчез во изминатиот дел од сезоната. Тој требаше да биде поддршка за Лаутаро и Тирам, но Чилеанецот е далеку од формата која го красеше во изминатите години кога важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Во медиумите во Италија се најавува дека во јануари големи се шансите тој да ја продолжи својата кариера во Саудиска Арабија и тоа во тимот на Ал Итихад. Тим на кого не му оди добро сезонава во елитната лига во С. Арабија, иако во тој тим играат и Бензема, Канте…
Се очекува дека Интер чека само официјална понуда на Саудијците како би се ослободил од Санчез.