Калин Ивановски годината ја завршува на 326. место на АТП листата

106

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски на последното рангирање на АТП листата за оваа календарска година се најде на 326. место. Ивановски забележи пад од едно место, тој има 129 поени.

Најдобриот македонски тенисер во овој момент е во Дубаи каде се подготвува за она што го чека во следната година. Таму имаше шанса да се дружи со Новак Ѓоковиќ.

Горазд Србљак се наоѓа на 1052 место со 10 поени и скок од две места.

Што се однесува до Топ 10 листата тука нема промени, Новак Ѓоковиќ е на првото место, зад него е Карлос Алкараз.

ПретходноБразилското чудо вредно 60 милиони евра сака да игра за Барса, но има голем проблем!
СледноНесудените наши селектори во ист ден најдоа клубови!