Веќе неколку денови нашите најдобри ракометари се подготвуваат за претстојното ЕУРО 2024, на првиот меч со Франција го имаме на 10 јануари во Дизелдорф.
Се разбира дека затоа како течат подготовките во Стара Пазова, каква е атмосферата, говори селекторот Кире Лазаров,
“Еве веќе работиме четири дена со нашиот национален тим. Јас сум задов.Јас сум задоволен од тоа што го сработивме досега. Работевме на нашиот напад, на нашата одбрана, на полуконтрата, на враќањето назад.Секако работевме и на физичката кондиција, максимално го искористивме времето да сработиме, затоа што во репрезентацијата доаѓаат играчи од разни клубови. Треба да се доведат во што побрз период на едно исто ниво.Имам појасна слика,имаме време до почетокот на ЕП, не успеавме да најдеме противници да одиграме пријателски, сепак ќе одиграме меѓусебе. На 29 декември ќе одиграме против Црна Гора, тоа ќе биде добар тест затоа што го сработивме овде на овие подготовки. За новогодишните празници нашите момци ќе добијат два дена слободно, заслужен одмор. Потоа одново почнуваме финишот на подготовките за настапот на ЕУРО 2024“ вели Лазаров.
Вечерва се приклучува Митревски, а од утре нашиот состав ќе биде комплетен.
“Делумно можам да бидам задоволен од нашата физичка кондиција. Знаеме дека големиот дел од играчите доаѓаат од домашниот шампионат, се чуствува мал недостаток на физичка кондиција кај играчите кои што немаа европски натпреварувања во оваа полусезона. Сепак ние сме колективен спорт и имаме доволно време тоа да го одработиме за да до почетокот на ЕП бидеме максимално спремни сите играчи.Можам да бидам задоволен од атмосферата во тимот. Тука имаме идеални услови за подготока и тренинзи. Имаме време и да се одмориме, правиме и тимбилдинг, така што имаме одлични услови.И кога е така тогаш и атмосферата е на високо ниво. Митревски се приклучува вечерва, тој имаше обврски во својот Порто и му дадов два до три дена слободно, да се одмори. Утре се приклучува во тренажниот процес. Од утре сме комплетни и се подготвуваме за предизвикот ЕУРО 2024“ заврши селекторот.