Саудиска Арабија привлекува се повеќе фудбалски ѕвезди, а сега за можноста да замине во оваа азиска земја проговори и полскиот напаѓач, Роберт Левандовски.
По цена од 45 милиони евра, Роберт Левандовски во летото 2022 година се пресели од Баерн Минхен во Барселона.
Првата сезона во Ла Лига беше успешна, со оглед на тоа што Каталонците станаа шампиони на Шпанија, а тој постигна неколку клучни голови.
Полјакот има договор со тимот до 2026 година, но често во медиумите се шпекулира за можна промена на средината кога е во прашање.
Новинарите сега го прашаа Роберт Левандовски за можна преселба во Саудиска Арабија, но полскиот напаѓач призна дека не ни размислува за таа опција.
“Размислувам само да уживам во секоја минута на теренот бидејќи сум свесен за некои работи. Мојата фудбалска кариера нема да трае вечно. Сега не ни размислувам за Саудиска Арабија”, изјави Роберт Левандовски.