Легендарниот Аман ќе учествува во својата 25. Новогодишна турнеја

130

 

Швајцарскиот ски-скокач Симон Аман на 42 години ќе настапи на својата 25. Новогодишна турнеја „Четири скокалници“. Четирикратниот олимписки шампион од 2002 и 2010 година ќе настапи на скокалниците во Оберсдорф, Гармиш-партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен во швајцарскиот тим во кој се уште Дешвандем, Пиер и Имхоф.

Аман беше светски првак во 2007 година во Сапоро, има 23 поединечни победи во Светскиот куп и 80 пати бил на пиедесталот. Нема севкупна победа на „Четири скокалници“ но има победи во Оберсдорф во 2008 и 2013 и во Гармиш во 2011 година. Во 2015 година во Бишофсхофен имаше страшен пад поради кој заврши во болница и заздраве од потрес на мозокот па се врати на скокањето.

ПретходноБрозовиќ покажа како се живее во С.Арабија – кркај сендвичи и играј фудбал
СледноСловенија без главниот играч на ракометното ЕП