Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Дубаи на подготовки за следната сезона, а пред неколку дена на социјалните мрежи се појави фотографија со поранешниот ММА шампион, непоразениот Хабиб Нурмагомедов.
Рускиот борец по потекло од Дагестан во таа прилика нагласи дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, а интересна објава на интернет доаѓа од познат ММА тренер кој работи со него. Хавиер Мендез, еден од најпознатите тренери во овој спорт, на Инстаграм откри како го лажел Новак Ѓоковиќ.
Додека Новак, Хабиб и Хавиер разговарале, Мендез решил дека е вистинско време за пофалба, па малку претерал. „Овде зборуваме колку шампиони на УФЦ тренирав, но всушност излажав. Не тренирав 20 шампиони на УФЦ, излажав затоа што Новак ме слушаше, се обидував да го импресионирам“, напиша Мендез објавувајќи видео од средбата.
View this post on Instagram