Владан Милоевиќ се врати на Црвена Звезда и стана тренер на тимот кој играше во Лигата на шампиомните, додека Миодраг Гроф Божовиќ е нов шеф на струката во Нефчи, најпознатиот клуб од Азербејџан.
Двајцата искусни тренери кои во летните месеци преговараа со нашата федерација за селекторската позиција. Милоевиќ и Божовиќ беа во финални преговори со ФФМ но сепак одлуката беше да му се даде уште една па и уште една шанса на Благоја Милевски.
Со самото тоа дека едниот е во Црвена Звезда, а другиот во Нефчи, е доказ сам по себе дека ФФМ имала контакти со тренери кои имаат реноме, рејтинг и добро „си-ви“ во фудбалскиот свет.
Сериозни тренери кои само биле на листата на желби за ФФМ и Македонија кои на крајот се одлучија за проверена домашна и евтина опција.