По осум порази во меѓусебните дуели, конечно, екипата на Њујорк Никс славеше победа над Милвоки Бакс во „Медисон сквер гарден“ со 129-122. Празничниот амбиент посебно влијаеше врз Џејлен Брансон кој постигна 38 поени, а имаше и четири скока и шест асистенции. Џулиус Рендл постигна 25 поени, а Ер Џеј Барет 21.
Од друга страна на Бакс не и помогна ни Адетокумбо кој постигна 32 поени, а имаше и 13 скокови и шест асистенции, а исто толку поени постигна и Демијан Лилард.