Нов рекорд за Ѓоковиќ пред пресметката со Алкараз

416

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ овој понеделник ја започна 405-та недела на врвот на АТП листата.

Србинот на тој начин дополнително го подобри рекордот кој уште долго ќе биде во негова сопственост.

Најдобрите играчи на денешницата наголемо се подготвуваат за следната сезона и не играа на турнири, па немаше промени во врвот.

Новак е прв со 11.245 бодови, Карлос Алкараз има 8.855, а Данил Медведев 7.600.

Да потсетиме, во среда на 27 декември Ѓоковиќ ќе игра на егзибиција во Ријад, а противник ќе му биде Алкараз.

ПретходноКоментатор запеа по победата на Задар над Партизан (ВИДЕО)
СледноАврамовски ќе го облече дресот на турски вторлигаш