Официјално: Крсте Велковски стана „лав“

1258

Искусниот македонски напаѓач и капитен на Работнички, Крсте Велковски го раскина договорот со „романтичарите“ и во иднина ќе ги брани боите на Македонија Ѓорче Петров. Фудбалерот и клубот од Ѓорче Петров се договориле и останува уште промоцијата која ќе биде направена наредните денови.
Со тоа поранешниот македонски репрезентативец ќе биде четвртиот нов играч меѓу „лавовите“ по дефанзивците Жилберто и Давид Лопез и напаѓачот Џонатан Балотели.
Велковски играше за Сараево, во Тајланд, во Јужна Кореја, во Романија…

ПретходноСловенија без главниот играч на ракометното ЕП
СледноИзгоре салата на француски кошаркарски прволигаш (видео)