Словенија без главниот играч на ракометното ЕП

257

 

Словенската машка ракометна репрезентација на европското првенство кое ќе се игра во јануари идната година ќе настапи без најдобриот ракометар Блаж Јанц. Деснокрилниот ракометар на шпанскиот великан Барселона има проблеми со грбот, па поради тоа ќе го прескокне евро-шампионатот, пренесува РС на Словенија.

„Срцето вели да настапам на ЕП, но паметот вели дека не смее да се брза кога се работи за повреда. На ЕП 2024 година ќе одам како навивач“, изјави Јанц.

Инаку Јанц дебитираше за Словенија во 2016 година и досега има 96 настапи.

ПретходноЛегендарниот Аман ќе учествува во својата 25. Новогодишна турнеја
СледноОфицијално: Крсте Велковски стана „лав“