Нашата најдобра ракометна селекција се наоѓа на подготовки во Стара Пазова (Србија). Јасно е дека мислите се кон претстојното ЕУРО 2024 во Германија, а Македонија како по обичај и овојпат ќе настапи на едно големо ракометно натпреварување.
Филип Талески има свое видување околу атмосферата, подготовките и шансите на Македонија за претстијното ЕП:
“Пред нас е уште едно големо натпреварување, како што е ЕП во Германија. Сите знаеме дека Германија живее за ракометот, го сака спортот и многу вложува во ракометот.За нас ќе биде една голема можност да се покажеме и докажеме како репрезнтација. Среќен сум што повторно што сите сме заедно, со сите момци во репрезентацијата. Искрено, среќни сме и сплотени тука.Ме пречекаа многу убаво, се чуствувам како дома што се вели. Мислам дека со оваа атмосфера што ја имаме тука, со сите новитети што селекторот ги спрема за нас, имаме големи шанси да се покажеме во најдобро светло“ посочи Талески.
За ривали во групата нашиот репрезентативец истакна:
„Имаме најатешка група што можеше да ни се падне. За нас е предизвик зошто на ова ЕП ќе се испишува историја, ќе имаме можност да го отвориме ова ЕП со селекцијата на Франција на стадионот во Дизелдорф. Франција како репрезентција ќе биде голем мотив да се докажуваме против најдобрите. Не треба да иаме голем притисок, треба да уживаме дека ќе се игра пред 55.000 гледачи. Веројатно никогаш во својата кариера нема да играме во таква атмосфера и затоа треба за нас да биде голем предизвик за нас но и за нашите навивачи кои ќе дојдат од Македонија да не бодрат.Со такви мисли треба да влеземе на тој меч и се надевам дека може да дојдеме до добар резултат, а можеме и до победа. Сепак треба да се оди чекор по чекор. Потоа играме со домаќинот Германија,сме покажале во минатото дека можеме да играме со една Германија. За нас ќе бида шанса да се докажеме дека сме квалитетни. Играме потоа со Швајцарија, тоа е нашата најголема шанса за победа. Сме играле со нив во повеќе наврати и мислам дека можеме да победиме“ заврши Талески.