Во текот на вчерашниот ден судиската комисија на УЕФА ја одреди листата на арбитри според категориии за наредната 2024 година. На листата која е поделена на категории се направени корекции во однос на тоа како арбитрите ја делеле судиската правда на УЕФА натпреварувањата.
Она што е интерсно за Македонија е тоа дека во земјава има само еден арбитар кој се наоѓа во елитата. Станува збор за Ива Пројкоска која е во листата на најдобри 24 судии кај жените и тоа е големо признание за искусната судијка од нашата земја којка со години и години напорно работи за својот рејтинг во УЕФА.
Пројкоска се најде и во ранкингот кај маѓите затоа што таа есенва судеше и натпревар во машка конкуренција и тоа во младинската Лига на шампионите. Интересно е тоа дека Ива Пројкоска е во втората категорија на УЕФА кај мажите и има подобра рејтинг од Игор Стојчевски и Јован Качевски (двајцата без напредок), кои се рангирани во истата таа втора категорија на УЕФА на судии која е и најниска во ранкингот (нема подолу и таму се 207 судии од Европа).
Наш најдобар арбитар кај мажите останува Александар Ставрев кој е во првата категорија на судии и на листа каде има вкупно 55 судии и таму е веќе десетина години. Елитата за мажите останува научна фантастика затоа што во топ 33 судии во Европа нема место со години и години за фудбалски судија од Македонија (како што е тоа пример со Пројкоска кај жените). Во елитата на пример има судии од Босна, Белорусија, Израел..