ФИФА со закани кон Бразилците: Ќе ве исклучиме од сите натпреварувања!

2810

 

На повидок е голем скандал. Имено ФИФА со сериозни предупредување до властите во Бразил. Дури се закани дека би можела да ги исклучи од сите натпреварувања и тоа поради мешање на властите во таа земја во изборот на нов претседател на тамошниот сојуз или поточно конфедерација.

ФИФА истакна дека е загрижена поради одземање на мандатот на досегашниот челник на сојузот Едналдо Родригеш, и тоа со одлука на судот во Рио де Жанеиро на 7 декември.

Од ФИФА се истакнува дека оваа одлука била неоснивана и се предупредува на можните санкции. А тие се исклучување на репрезентацијата на Бразил од квалификациите за СП 2026 како и исклучување на сите екипи од таа земја од меѓународните натпреварувања.

ПретходноЛука Модриќ оди кај Кристијано Роналдо
СледноМакс е светски првак во Ф1, но не може да изнајми автомобил!