Шкупи останува без „најдобриот“ – Куевен!

2542

 

Бразилецот Куевен нема да биде дел од Шкупи во вториот дел од сезоната затоа што одличниот играч за врска е слободен играч и неговиот двегодишен договор истекува на 31 декември.

Нефчи од Азербејџан е екипата која има интерес да стави потпис со 25 годишнниот дефанзивен играч од средниот ред кој беше еден од најдобрите фудбалери во нашиот домашен шампионат.

Куевен воедно според сите парамeтри и цена на маркетот беше најдобриот играч во екипата на Шкупи, која битката за титулата мора да а продолжи без добриот играч од Бразил кој според фудбалската берза вреди 400.000 евра и е играч со највисок рејтинг кај „чаирчани“.

Од Шкупи зимава со одат уште неколку играчи, екипата го ангажираше Дарко Додев од Влазниjа а деновиве треба да бидат промовирани уште неколку нови странци. Тимот ќе се подготвува во Анталија а по крајот на сезоната во клубот има кадровски земјотреси со одлив на лица од менаџментот на клубот.

ПретходноБарди веќе се пакува… од Нова година е во Унион Берлин!
СледноЌе има чистка: Тен Хаг останува, ама од Јунајтед ќе си одат Бруно, Мегваер, Каземиро, Санчо, Онана, Антони и Варан!