Шмит за играњето на стадион: Реакциите од публиката стигнуваат со задоцнување

325

Вниманието на љубителите на ракометот е насочено кон Германија. Оваа земја е домаќин на Европското првенство 2024 година. Главна тема е Дизелдорф, таму ќе се одиграат првите мечеви од групата во која е Македонија. Организаторот сака да го урне рекордот по посетеност на еден меч, се очекува на стадионот да има над 50.000 гледачи.

На теренот први ќе истрчаат Македонија и Франција, па Германија и Швајцарија.

Еден од оние кои имал шанса да игра еден ваков ракометен меч е швајцарскиот бек Енди Шмит.

„Против Германија повеќе би играл во сала отколку на стадион. Имав такво искуство, во 2014 година со РНЛ игравме со Хамбург на стадион. Играњето пред 50.000 гледачи е грандиозно. 
Но, реакциите од публиката до ракометарите стигнуваат со секунда-две задоцнување и беше тешко да се адаптираме на таквиот амбиент“, изјави Шмит. 

Македонија и Швајцарија ќе се сретнат во последниот меч од групната фаза, кој е закажан за 16 јануари.

ПретходноЛевандовски кажа што мисли за Саудиска Арабија
СледноДончиќ со божиќно изненадување за сите во Далас (ВИДЕО)