Вчера во Белград се одржа прослава на ФК Рад по повод 35 години од настапот на овој клуб во Купот на УЕФА, сегашна Лига на Европа. На оваа прослава како и поранешни играчи на овој тим, присуствуваа и Мирсад Јонуз, Пане Блажевски и Цено Александровски. Тие добија специјални покани од тогашниот капитен на ФК Рад, Душан Ајдер. На оваа прослава своите некогашни соиграчи со пригоден говор ги поздрави некогашниот селектор и еден од нашите најдобри тренери, Мирсад Јонуз.
На прославата присуствуваше и Горан Ивановиќ, некогашен играч на Пелистер.
Да потсетиме дека тогаш, пред 35 години ФК Рад во својот историски европски меч играше против Олимпијакос.