Даниел Аврамовски во Новата година ќе има нов клуб. По две години минати во ФК Сараево својата кариера ќе ја продолжи во Турција, поточно во дресот на Болуспор, тим кој се натпреварува во втората лига, објави босанскиот медиум „Спортспорт“.
Така, Даниел Аврамовски ќе се врати во Турција каде уште настапуваше за Кајсериспор од каде пристигна во ФК Сараево.
Кариерата ја започна во Работнички. Играше и за Македонија пред да замине во Црвена звезда. Тој беше член и на Македонија ЃП, Олимпија Љубљана, Војводина, Београд и Вардар.