Во шпанските медиуми протече информација дека Барселона сака да ја продолжи позајмицата на Жоао Феликс со опција да го откупи договорот на Португалецот. А од Атлетико им стигна одговор. Како што пренесува „Релево“, Атлетико не смета на Феликс, меѓутоа нема да ги прифати истите услови од договорот со Барселона. „Јорганџиите“ за нова позајмица ќе бараат 15 милиони евра, а во новиот договор ќе може да има клаузула за откуп на договорот.
Е сега дали Барселона ќе ги прифати овие услови останува да видиме. Феликс оваа сезона одигра 20 натпревари за Барселона со ефект од шест гола и три асистенции.