Првиот дел од подготовките за настап на Европското првенство, македонската ракометна репрезентација ги одработува во Стара Пазова. Избраниците на Кирил Лазаров тренираат комбинирано (физички и тактички).
Дневната агенда е исполнета. Во Стара Пазова се работи под „полна пареа“, а нашите ракометари одиграа и пријателски меч меѓу себе.
Покрај редовните тренинзи, се „билда“ и атмосферата, нашите момци имаат и тим-билдинг.
Македонија на претстојното ЕП 2024 година се најде во силна група против Франција, домаќинот Германија и Швајцарија.