Пет екипи се лидери во своите шампионати пред Божиќ, а никогаш не биле шампиони!

677

Само пет екипи од европските фудбалски шампионати се лидери на табелата, а претходно никогаш не биле шампиони на своите држави. Најпознат од нив е Баер Леверкузен кој „жари и пали“ во Бундес лигата и е прв на табелата, а претходно никогаш не се радувал на шампионската титула.

Оваа сезона Леверкузен игра сигурно под водство на Чаби Алонсо, ефикасно и е без пораз по 16 одиграни натпревари и има четири бода повеќе од второпласираниот Баерн.

Кривбас е лидер во украинскиот шампионат со 34 бодови по 17 одиграни кола исто колку и вториот Дњипро кој е со послаба гол-разлика.

Краснодар е прв во руската Премиер лига со 38 бода по 18 кола, два повеќе од вториот Зенит. И Краснодар никогаш не бил првак на Русија.

Другите се Пакси во Унгарија, Егнатиа во Албанија, УЕ Санта Колома од Андора и СС Виртус од Сан Марино.

ПретходноБарса сака да ја продолжи позајмицата на Феликс, но Атлетико бара 15 „милиончиња“
СледноНикс ја прекина серијата од осум порази од Бакс