Јокиќ и Мари го предводеа Денвер до победа над Вориорс

227

Денвер Нагетс славеше победа над Голден Стејт Вориорс со 120-114 во вториот меч од божиќниот НБА маратон. Четата предводена од Мареј и Јокиќ ја запиша петтата победа по ред и вкупно 22. сезонава.
На полувреме Вориорс имаа поен предност (53-54), но следните две четвртини домашните ги имаа под контрола и на крајот забележаа победа.
Никола Јокиќ и Џамал Мари заедно постигнаа 54 поени со тоа што на сметката на Јокиќ одат 26 поени, 14 скокови и 8 асистенции останатите 28 поени на сметката на Мареј.
Кај Вориорс, Вигинс постигнаа 22 поени.

 

ПретходноРајковиќ повторно на „Ол старот“ на ВТБ лигата
СледноНова магична партија на Лука Дончиќ од 50 поени и 14 асистенции (ВИДЕО)