Ќе има чистка: Тен Хаг останува, ама од Јунајтед ќе си одат Бруно, Мегваер, Каземиро, Санчо, Онана, Антони и Варан!

6785

 

Откако Сер Џим Ратклиф и официјално влезе во Манчестер Јунајтед, наголемо се шпекулира кои ќе бидат првите потези на мултимилијардерот кој сега има 25% од клубот од “Олд Трафорд“.

За жал за поголемиот дел од фановите на Јунајтед, се чини дека Ерик Тен Хаг ќе добие шанса барем до лето да го води тимот како менаџер, а потоа се можно.

Но затоа во играчкиот кадар се спрема голема чистка. Медиумите на Островот шпекулираат со тоа дека до јуни, најмалку седум ѕвезди ќе мора да си одат. А тоа се Бруно Фернандеш, Хари Мегваер, Казимиро, Џејдон Санчо, потоа Онана, Антони и Варан.

На дел од овие играчи договорите им истекуваат а на другите пак ќе им се каже дека треба да си побаараат нова средина.

ПретходноШкупи останува без „најдобриот“ – Куевен!
СледноСо новиот договор со Наполи: Осимен е најплатениот фудбалер во Серија А!