Грузиецот се враќа во Македонија: Гаги Маргвелашвили го засилува Работнички?!

1489

Како што дознаваме, едно од најголемите зимски засилувања во редовите на Работнички би требало да биде одличниот стопер Гаги Маргвелашвили, некогашниот дефанзивец на Шкупи од времето кога чаирчани беа шампиони. Грузиецот веќе има работено со Гоце Седлоски во Шкупи, па веројатно во пролетниот дел одново ќе бидат во ист клуб, но сега во Работнички. Барем такви се желбите на клубот од Деба Маало.

Гаги остави одличен впечаток на Чаир, таму беше 1,5 години, по што ова лето се врати во својата Грузија и потпиша за Динамо Тбилиси.

ПретходноДаниел Миловановиќ се врати во Брера!
СледноКога ќе се јави Мурињо прекинувате се, па дури и прес-конференција