Даниел Миловановиќ се врати во Брера!

576

Македонскиот интернационалец Даниел Миловановиќ го раскина договорот со унгарскиот прволигаш Залаегерсег, чиј член е од 2021 година и се враќа во Македонија. Минатата сезона Миловановиќ беше позајмен во Тиквеш, а летово се врати во Унгарија и реши да се бори за минутажа. Откако не успеа да се наметне и со само три настапи, десното крило одлучи да замине, а одлучи повторно да игра за Брера Струмица.

Пред да отиде во Унгарија, 25-годишниот фудбалер играше за овој клуб. Миловановиќ е првото зимско засилување за Брера.

 

ПретходноБрестовац ги носи ОАЕ на тренинг камп во Македонија
СледноГрузиецот се враќа во Македонија: Гаги Маргвелашвили го засилува Работнички?!