„Животот понекогаш е неправеден, ми недостига стариот Миахел“

146

Во петом ќе се навршат точно десет години од несреќата во која тешко се повреди Михаел Шумахер, според многумина најголемиот возач во историјата на Формула 1. На 29 декември 2013 година на скијање на француските Алпи, Шумахер се здоби со тешка повреда на мозокот и половина година беше во индуцирана кома .

Семејството решило да не зборува за неговата состојба, па за јавноста е непознато како е денес 54-годишниот Шумахер. Се верува дека е свесен, но не може нормално да се движи или да комуницира.

“Ми недостига мојотШумахер од тоа време. Животот понекогаш е неправеден. Тој често имал среќа во текот на животот, но потоа се случи оваа трагична несреќа”, рекол неговиот брат Ралф за Билд.

„Фала му на Бога, благодарение на современите медицински можности успеавме да направиме многу, но веќе ништо не е исто. Можам да кажам дека неговата несреќа имаше многу лошо и големо влијание и на мене“, додаде Ралф, кој исто така е поранешен Ф1 возач.

ПретходноДончиќ за свирежите во Феникс: Забавно ми е! Нема подобро кога ќе ги замолчиш!
СледноМакедонија Ѓ.П му посака добредојде на Велкоски (ВИДЕО)