Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино истакна дека работата во Челзи е потешка отколку што мислел.
„Знаев дека работата ќе биде тешка, но ситуацијата се покажа уште полоша. Премногу важни играчи се надвор од теренот. Има премногу околности од самиот почеток на сезоната кои се надвор од нашата контрола. Ќе биде тешко“, изјавил тренерот на лондонските „сини“.