По три години во С. Арабија, Банега се враќа дома

446

По околу три години поминати во Саудиска Арабија, некогашниот аргентински репрезентативец Евер Банега се враќа дома. Според информациите, 35-годишниот аргентински играч од средниот ред, чија кариера донесе импресивни настапи додека играше за Валенсија, Севиља и Интер, ќе го заврши својот престој во тимот на Ал-Шабаб.

Играчот веќе постигнал принципиелен договор со раководството на аргентинскиот гигант Бока Јуниорс, клубот во кој ги направи првите чекори во светот на фудбалот.

Ако се суди според најавите, тој ќе потпише едногодишен договор со Бока, каде најверојатно планира и да ја заврши кариерата.

ПретходноСкапа разделба на Лион и Гросо: Италијанецот бара 2 милиони евра
СледноГарначо и Хојлунд донесоа неверојатен пресврт и победа за Манчестер Ј.