Италијанецот Фабио Гросо не се задржа многу во Лион, по само два и пол месеци доби отказ поради слаби резултати. Во седум мечеви Гросо имаше една победа, две ремија и четири порази.
Враќањето во клубот со кој како играч во сезоната 2007/08 ја освои двојната круна, Гросо нема да ја памти по добро. За малку ќе останеше без око во напад на хулигани во Марсеј, а потоа доби отказ.
Француските медиуми пишуваат дека разделбата на Лион и тренерот не одат лесно затоа што Гросо кој имаше договор до идното лето бара обесштетување меѓу 1,5 и 2 милиони евра.
Раководството на Лион во меѓувреме го ангажираше Пјер Саже за нов тренер.
A Лион моментално е на 15. место на табелата со два бода повеќе од опасната зона.