Фудбалерот на Јувентус, Глејсон Бремер постигнал договор за продолжување на соработката со клубот, пренесуваат италијанските медиуми.
26-годишниот Бремер во Јувентус пристигна во 2022 година од Торино. Бразилскиот фудбалер оваа сезона одигра 14 натпревари за торинскиот клуб и постигна еден гол. Бремер има активен договор со Јувентус до 30 јуни 2027 година.
Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на бразилскиот фудбалер и Јувентус се договориле Бремер да потпише нов, петгодишен договор и да добие зголемување на платата.