Два пресврти и победа на Лутон на „Брамал Лејн“, Борнмаут со нов успех дома

70

Фудбалерите на Лутон во меч со два пресврти на крајот славеа на „Брамал лејн“ со 2:3 против екипата на Шефилд Ј. во еден од можеби и клучните мечеви во трката за бекство од опаната зона на табелата. Лутон во 17. минута со голот Доути поведе со 0:1, резултат со кој се замина на пауза.

На стартот на вториот дел Шефилд успеа да го сврти резултатот за само осум минути. Најпрвин во 61. минута МекБарни се најде на вистинското место за 1:1, а потоа во 68. Ахмедхоџиќ ја искористи мешаницата во гостинскиот шеснаесетник и погоди за 2:1.

Ниту тука не завршија возбудувањата бидејќи во 77. минута Лутон успеа да израмни откако Робинсон со несмасна интервенција си постигна автогол.

Вистинската лудило следеше четири минути подоцна, кога беше постигнат уште еден автогол. Овој пат Слимани беше несмасен и немаше среќа, па си  постигна автогол за 2:3.

Фудбалерите на Борнмаут, пак, го победија Фулам со 3:0 на Виталити. Борнмаут ја продолжи одличната серија на резултати во изминатите неколку недели, откако го совлада и Нотингем Форест на гости.

ПретходноСЕ БАРААТ СМЕНИ: Комисијата на ФФМ ќе се соочи со селекторите!
СледноЗа четири месеци вторпат добива отказ во два различни клуба