Хрватскиот тренер Игор Бишќан втор пат е отпуштен во период од четири месеци. На 21 август тој доби отказ во Динамо откако испадна од АЕК во Лигата на шампионите, а на 18 октомври стана тренер на саудискиот Ал Шабаб, но по неколку лоши резултати доби отказ.
Кариерата во Динамо Загреб му траеше само 17 натпревари, а во Ал Шабаб само 11 натпревари во кои запиша три победи, три ремија и пет порази.
Инаку Бишќан со Ал Шабаб потпиша договор на две и пол години.