Изненадување на Боксинг деј: Крис Вуд ги „парчоса“ Њукасл на „Ст.Џејмс Парк“

191

Англичаните не спијат и на „Боксинг деј“ играат натпревари од 19 коло. На првиот меч излегоа Њукасл и Нотингем Форест, а средбата на „Ст.Џејмс Парк“ заврши со 1:3 во полза на гостите.
Њукасл поведе со гол на Исак од пенал во 23 минута, а пред полувремето изедначи Крис Вуд. Истиот играч постигна уште два гола за победа на „шумарите“, прва по серијата од четири меча без успех.
Њукасл втор меч по ред бележи пораз.

Интересно, Крис Вуд е поранешен играч на Њукасл. За нив во 35 меча во две сезони постигна четири гола. А денеска како играч на Нотингем за 54 минути постигна два гола против Њукасл.

ПретходноКога ќе се јави Мурињо прекинувате се, па дури и прес-конференција
СледноПотрес во Атина: Фатих Терим на клупата на Панатинаикос!