Кога ќе се јави Мурињо прекинувате се, па дури и прес-конференција

1334

Неважно во каква ситуација сте, кога ќе се јави Жозе Мурињо, прекинувате се и се јавувате. Барем така е во случајот на Рикардо Формосињо, некогашниот помошник на еден од најпопуларните тренери во светот. Формосињо е тренер на Модерн Фјучр во Египет и го однесе тимот во финалето на тамошниот Куп. По мечот зборуваше пред новинарите и кога еден новинар му поставуваше прашање, тој го извади телефонот од џеб и погледна кој го бара.

„Извинете, но на него мора да му се јавам. Мурињо ми се јавува“.

Формосињо му се обрати со „Шефе“ и му се заблагодари на честитките, а потоа продолжи со прес-конференцијата.

Инаку за пехарот од Купот, тимот на Модерн Фјучр ќе игра со Ал Ахли.

ПретходноГрузиецот се враќа во Македонија: Гаги Маргвелашвили го засилува Работнички?!
СледноИзненадување на Боксинг деј: Крис Вуд ги „парчоса“ Њукасл на „Ст.Џејмс Парк“