Христијан Малески (21), еден од најдобрите млади напаѓачи во Македонија и член на Струга ТЛ, се чини дека нема да оди во Тиквеш како што најавивме пред некој ден. Имено дознаваме дека Малески е пред трансфер во Динамо Махачкала, клуб кој е лидер на табелата во Првата лига во Русија, дивизија која е втора по ранг по тамошната Суперлига.
Таму тренер е познатиот Курбан Бердиев, некогашен стратег на познати и големи руски клубови.
Нашите информации се дека големи се шансите младиот напаѓач на Струга ТЛ има големи шанси да направи трансфер во овој клуб од Махачкала.