Денвер го доби божиќниот натпревар против Голден Стејт Вориорс со 120:114. Најдобри бројки во победничкиот тим имаше двократниот МВП Никола Јокиќ, кој собра 26 поени, 14 скока и осум асистенции. Јокиќ шутираше и погоди 18 слободни фрлања, рекорд во кариерата. По натпреварот тренерот на Голден Стејт, Стив Кер не беше задоволен од судењето.
„Немам никакви проблеми со судиите, има добри судии во оваа лига, проблемот е како го санкционираа секој обид за одбрана. Криво ми е бидејќи судиите се научени да го судат секој обид за изнудување на фаул. Да бев фан, немаше го да гледам второто полувреме.
Беше одвратно, само ги мамеа судиите да судат фаули, а судиите ги носеа тие одлуки затоа што така беа научени. Тоа го искористија играчите и имавме парада на слободни фрлања. Беше одвратно да се гледа“, изјави Кер по натпреварот.