Најбогатиот Британец сер Џејмс Редклиф стана сопственик на 25% од Манчестер Јунајтед. Тој ќе го преземе спортскиот сектор на клубот, но планира да вложи пари и во унапредување на инфраструктурата.
Планира да издвои 300 милиони евра за реновирање на тренинг центарот и стадионот. Меѓутоа, Ретклиф смета дека тоа нема да биде доволно затоа што „Олд Трафорд“ е во очјасна состојба и му се потребни сериозна реконструкција.
Затоа неговата идеа е да го сруши култниот стадион со капацитет од 73.031 место кој е најголем во Премиер лигата, а втор во Англија после Вембли.
Јунајтед игра на овој стадион од 1910 година, низ годините претрпел реконструкции, пред се во проширување на капацитетот, но немало сериозни зафати откако клубот го презеле Американците – браќата Глејзер.
„Најисплатливо решение е изградба на нов стадион“, смета Крис Ли, директор на архитектонската фирма Популус која пред четири години нудела три потенцијални решенија за Олд Трафорд.
Ли смета дека Јунајтед би можел да продолжи да го користи теренот додека трае изградбата на новиот објект, со оглед на тоа дека во околината постои градежна површина. Тоа значи дека клубот не би останал без приходи од влезни билети, кои се важен дел за финансискиот дел на клубот бидејќи Јунајтед е најгледаниот тим во Премиер лигата.
Се шпекулира дека изградбата на нов стадион би го чинела Јунајтед 2,5 милијарди евра.