Ноле по петтипат е прогласен за најдобар спортист на Европа

300

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по петтипат во кариерата е прогласен за најдобар спортист во Европа во традиционалниот избор на Новинските агенции.

Изборот беше организиран по 66-ти пат од полската национална агенција (ПАП). Ѓоковиќ доби вкупно 178 гласа и ја потврди наградата која ја доби и во 2011, 2015, 2018 и 2021 година.

Ѓоковиќ оваа година освои седум трофеи, вклучувајќи три Грен слем турнири (Австралија опен, Ролан Гарос и УС Опен) и завршниот Мастерс во Торино. Тој по осмипат во кариерата ја заврши сезоната на врвот на АТП листата.

Второто место во изборот за најдобар спортист во Европа му припадна на светскиот шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен (150 поени), а на третата позиција се најде шведскиот атлетичар Арман Дуплантис, кој освои 86 поени.

ПретходноЗа четири месеци вторпат добива отказ во два различни клуба
СледноУО на ФФМ со одлука: Да се почне процес на воведување на ВАР во ПМФЛ!